Twitter stream
Натписи
Судења
Блог постови
Неискористени џокери.....(2)
Дино Кадриќ | 15.11.2010
Утре нашата репрезентација игра пријателска утакмица со Албанија. Пријателска ко пријателска, обично Албанија ни беше една од оние репрезентации од типот на Малта со кои игравме секогаш кога требаше да се напумпа морал. Порано кога и да ти тргне лошо, формулата беше јасна, викни ги Малта или Албанија на гости, начукај им 3-4 гола и одма ќе се дигне моралот на екипата. Кога ќе ги видам последните резултати на фудбалерите и уопште не е
лошо што·· играме баш против Албанија. Стварно добро ќе ни дојде една победа па макар и против редовни пациенти. Ама кога нашиов генијалец од селектор, го извади списокот на репрезентаивци единствената мисла што ми проструи низ глава беше ОУ ШИТ!!! ОУ БУЛ ШИТ!!! Само да се потсетиме:
Нурединоски Един Етникос ахнас / Кипар, Богатинов Мартин Работнички / Скопје, Митрески Игор Нефчи / Азербејџан, Мемеди Агрон Ренова / Македонија, Шиков Ванче Етникос ахнас / Кипар, Мојсов Даниел Војводина / Србија, Тодоровски Александар Рад / Србија, Лазаревски Владе Локомотив Астана / Казакстан, Лазевски Александар Партизан / Србија, Шумуликоски Величе Новосибирск / Русија, Тасевски Дарко Левски Софија / Бугарија, Ѓуровски Марио Војводина / Србија, Савиќ Душан Инчеон Јунајтед / Кореја,Тричковски Иван АПОЕЛ / Кипар, Бајрам Фетаи Нордсјиланд / Данска, Илијоски Баже Гангвон / Кореја, Тодорчев Горан Интер Запрешиќ / Хрватска, Кировски Кристијан Скопје / Македонија
Дали само јас гледам овде дека нешто не штима или и вие не препознавате бар пола од играчиве кои се на списоков??? За мене А репрезентација значи селекција на надобрите играчи, или ајде бар да кажеме, ете, нека поштедат двајца - тројца пошто стварно у незгоден термин се игра утакмицата ама селекторе репрезентацијата на Македонија му припаѓа на секој македонец и не е ваша лична своина, па да си играте со нејзиниот рејтинг. Вие сте зрел за оставка и мислам со таков потег ќе и направите услуга на цела нација. Ионака веќе по фудбалските кулоари увелико се збори дека играње во репрезентација се плаќа, па јас морав да направам истражување за тоа како играле изминатиов викенд нашиве репрезентативци во своите клубови и на кој начин го заслужиле повикот у репрезентација. Колку платиле за да бидат дел од овој состав у надеж дека некој сакут ќе ги види и ќе можат еден ден да истрчаат на некоја позелена ливада каде тревата е посочна нека кажат самите.
Владе Лазаревски не бил ни у састав на Локомотив Астана овој викенд у финалето на купот на Казакстан. Не седел ни на клупа, а ако бил добар можда добил и џабе карта. У спротивно и тоа морал да си го плати. Александар Лазевски не бил у састав на Партизан против Јавор, ама пошто дечкото рака на срце досега и играше за белградските црно бели може да претпоставиме дека добил гага карта од управа и заштедил некој денар. Једини од одбрана кои играле нешто овој викенд се Игор Митрески кој истрчал 90 минути у факинг Азербејџан и Александар Тодоровски кој игра у Рад!!! Ете на што ни е сведена репрезентацијата со Јонуз... Идеме даље: Дарко Тасевски - Сапун не играл за Левски(додуша суспендиран заради црвен картон), Марио Ѓуровски не можам да го најдам у састав на три задњи утакмици на Војводина а у екипата на Војводина го нема ни Даниел Мојсов. Извесен Бајрам Фетаи кој игра у Нордсјеланд у Данска исто не бил ни на клупа. За дечково ионака никад не сум ни чул, ама претпоставувам дека јас повеќе минути сум прошол у Данска него он на фудбалските терени ширум Скандинавија. Величе Шумуликовски играл за Сибир и завршил работа. Од идната сезона неговата екипа е второлигаш. Ама барем играл...досега карта плаќаше у Англија да ги гледа соиграчите како играат. А напаѓачите се циркуз Медрано!!! Со искључок на Иван Тричковски кој пак дал гол на Кипар, у напад ги имаме Христијан Кировски алијас Џери кој е залутан у фудбал и Горан Тодорчев кој изиграл цели 80 минути за Интер факин Запрешиќ!! За повиканиве од Кореа, рака на срце не можев да најдам информации.
И сега гледам, гледам и не можам да се начудам. НАЈДОБРАТА македонска фудбалска репрезентација е составена од играчи кои не само што не седат на клупа у своите клубови него не се ни у состав...Значи нивните имиња не се внесени у записник за утамиците овој викенд. Платиле карта за да гледаат. Јас стварно не сум фудбалски тренер али мислам дека еден од примарните критериумите за позив у репрезентација меѓу другото треба да биде и моменталната форма...или??? Ама у нашава репрезентација очито једини критериум е кој колку ќе плати за да го носи државниот дрес, со опроштење за оние кои стварно заслужиле да го носат. Додека Јонуз е селектор, составот на репрезентација ќе ни се базира на играчи кои се неискористени џокери у своите клубови и кои немаат шанса ни да се загреат поред терен додека нивната екипа игра пошто утакмиците мораат да ги гледаат од трибини. А ние ќе треба да гледаме како нашата репрезентација и натаму тоне на ФИФА ранг листата и само прашање на време е кога ќе се најдеме у друштво на екипи од типот на Молдавија, Антигва и Барбуда, Сао Томе и Принципе, Екваторијална Гвинеја и слични вукојебини со уште поегзотини имиња. Епа јас нема да гледам и да молчам!!!
П.С. Текстот е намерно пишуван на скопски...да не му текне на некој да демонстрира познавање правопис, граматика и слични литературни вредности












