Twitter stream

Натписи

Судења

Блог постови

Турбо - политичка поезија

Назиф Кадриќ | 19.11.2010

Scott_Headshot01_small

О, каков е овој свет – овде стечај, онде цвет! За сто евра народ гине, умре она „учи сине“. Лебот се пече директно во штаб, и за дебел и за слаб. Груевски и Папандреу ни пратија абер, дека живеачката тука ни` е џабе. Со корупција и патент на уста, нема развој на демократски чувства. Дваесет години во „тазе транзиција“, прво една, па друга коалиција. Панорамско тркало на небото горе, за да видиме на земјата што изгоре.

Кредити до седмо колено, да се плати сметка и јајцето загорено. Сите со по десет факултети, а се храниме со пилешки паштети. Фирми – субјекти со матна позадина, ни ја пратија на печалба среќната младина. Алумина или Багдад, разлика нема, пропадната економија – вечната тема. Не постои чинам странска донација, што ќе ја оправи оваа сиромашка ситуација. Најдобра основа за фина егзистенција е канабис сатива плус синтетичка есенција. Змијско око со диоптрија ќора, еднаш ќе притворат и да претераат мора. Во македонската општествена маргинализација, совршено се вклопува хомосексуалната ориентација. На хартија, сите ни` се браќа, но во реалноста не се знае кој пие а кој плаќа. Уметност и култура е тешко да препознаеш, особено кога од „Општество“ за петто треба да дознаеш. Фијаското на моралната и институционална револуција, носи грозно име – малолетничка проституција. Согласно ова и варијациите на тема, без владина кампања – убавина и нема. МРТВ ја загуби својата симбологија, зашто е банка на извештаи и долга папирологија. Не` прислушкуваат во веце, на тераса, во читална, не сме сигурни дали имаме камера и во сопствената спална. Не смее да сушиме алишта на тераса, тоа ли е последниот извор за празната каса? За да се помогне на пациент и за здравствена интервенција, треба микрофон и најгледана телевизиска фреквенција. Од затвор се бега на неопределено, со абер на писмено и срце развеселено. Државен администратор е единствена професија, за која очигледно нема ни криза ни рецесија. Ако за решението на овие проблеми добиеме тапија, ќе се поклонам лично и пред Триумфалната капија.

 

П.С. Доколку по читањето на оваа нумера, нешто во срцето ви вели дека се чувствувате лошо и изиграно, пуштете си МРТВ. Таму светот е розов со нијанси на црвенкасто жолто!

Јавна Расправа ( VS. )

1946
Чекајки одговор од Дејан Верчич
Георги Димитров | 19.11.2010 Курир се обиде да стапи во контакт со Дејан Верчич од ПР...
1916
Георги Димитров VS. Дино Кадриќ
Отварајќи со како 350 милиони Facebook корисници испраќаат по 4 милијарди пораки дневно, Mарк Зукерберг...
1816
Турбо - политичка поезија
Назиф Кадриќ | 19.11.2010 О, каков е овој свет – овде стечај, онде цвет! За сто...

Постари вести

Неискористени џокери.....(2)

Неискористени џокери.....(2)

Дино Кадриќ | 15.11.2010 Утре нашата репрезентација игра пријателска утакмица со Албанија. Пријателска ко пријателска, обично Албанија ни беше една од оние репрезентации од типот на Малта со кои игравме секогаш...

Administrator - avatar Administrator 27 Дек 2010 Академик Колумна

Неискористени џокери

Неискористени џокери

Дино Кадриќ | 15.11.2010 Утре нашата репрезентација игра пријателска утакмица со Албанија. Пријателска ко пријателска, обично Албанија ни беше една од оние репрезентации од типот на Малта со кои игравме секогаш...

Administrator - avatar Administrator 27 Дек 2010 Академик Колумна

Турбо - политичка поезија

Турбо - политичка поезија

Назиф Кадриќ | 19.11.2010 О, каков е овој свет – овде стечај, онде цвет! За сто евра народ гине, умре она „учи сине“. Лебот се пече директно во штаб, и за...

Administrator - avatar Administrator 27 Дек 2010 Академик Колумна