http://www.childfriendlycities.org

Нашата визија

На 1.11.2005 година Собранието на Република Македонија донесе Декларација за изградба на Р. Македонија во ЗЕМЈА ПО МЕРКА НА ДЕЦАТА. Ние заклучивме дека во земјата по мерка на децата треба да изградиме општини во кои:

  1. Секое дете ќе има шанса да живее и да се развива
  2. Ниту едно дете нема да биде дискриминирано
  3. Ќе се води грижа за најдобриот интерес на децатa
  4. Децата активно ќе учествуваат во животот на општината

Нашите вредности

Во општините по мерка на децата:

  • Децата, влијаат на решенијата за нивната општина
  • Кажуваат каква општина сакаат
  • Учествуваат во јавниот живот
  • Добиваат здравствена заштита и образование
  • Пијат чиста вода
  • Заштитени се од експлоатација, насилство и повреди
  • Безбедни се на улиците на својата општина
  • Среќаваат пријатели и си играат со нив
  • Има зелени простори за растенија и животни
  • Живеат во незагадена средина
  • Учествуваат во културните и социјални настани
  • Тие се рамноправни граѓани на нивната општина и имаат еднаков достап до сите услуги

Општините по мерка на децата ги прифаќаат вредностите и стандардите на:

  1. Конвенцијата за правата на детето
  2. Двата факултативни протокола кон Конвенцијата за правата на детето
  3. Конвенциите на Советот на Европа
  4. Светската декларација за опстанок, заштита и развој на децата
  5. Светскиот план за акција
  6. Декларациите за правата на детето изгласани во рамките на Собранието
  7. Националниот план за акција (2005-2015)

Општините по мерка на децата треба да обезбедат:

  1. Да се слушне и да биде земено предвид мислењето на децата
  2. Формирање на посебна комисија за правата на децата и донесување акти и процедури што ги промовираат и заштитуваат правата на децата
  3. Изработка на стратегија и план за акција на општината за правата на децата
  4. Постоење на тело за правата на децата
  5. Процедури со кои се пресметува влијанието на актите, политиките и практиките врз децата
  6. Посебни средства во буџетот наменети за децата, и анализа на буџетот од перспектива на потребите на децата
  7. Редовен мониторинг и собирање податоци за состојбата со децата и нивните права
  8. Сите во општината да се запознаат со правата на децата
  9. Независно застапување на децата од здруженија на граѓани и независни институции за човекови права

Затоа решивме, во нашите општини:

  1. Да се изгради нормативна и институционална рамка за имплементација на конвенцијата за за правата на детето
  2. Да се промовираат и дисеменираат сознанијата за правата на децата
  3. Да се изградат капацитети кои ќе обезбедат секое дете да може да ги практикува и заштити своите права
  4. Децата да се вклучат во животот на општината и да се почитуваат нивните мислења за сите работи кои се однесуваат на нив